Нова трагична вест ја потресе Македонија

4403

Во текот на вчерашниот ден, во СВР Скопје било пријавено дека во продажен објект на приватна фирма на подрачјето на Бит Пазар е пронајдено починато лице, информираат од Министерство за внатрешни работи.

Полициски службеници од Полициската станица Бит Пазар излегле на местото на настанот, каде во разговор со вработен, 28-годишен скопјанец, било утврдено дека починатиот А.С. (65) дошол во објектот во посета.

Според изјавата, вработениот се упатил службено на петтиот кат, при што го известил посетителот дека лифтот не е во функција.

При враќање надолу, тој слушнал дека се активирал алармот од лифтот, а било забележано дека вратите на лифтот се отворени на сите катови.

Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција.

Причините за смртта ќе бидат дополнително утврдени по завршување на истрагата.

Претходна вестПремиерот се извини што се обраќа во предвечерието на Велигден: Кажа дека ќе поевтинат дизелот и бензинот
Следна вестТрагедија пред Велигден во фирма во Скопје: Едно лице пронајдено починато во лифт