Неодамна стана милијардерка, а сега ја пренесува најтажната вест: Нејзината објава крши срца

763

Селена Гомез храбро откри дека не може да ги носи сопствените деца поради бројни здравствени проблеми

Селена Гомез храбро излезе со изјава дека не може да има деца. 32-годишната пејачка и актерка и претходно беше отворена со фановите за нејзината здравствена состојба, но овој пат објави дека и претстои тешка иднина. Селена, која се прослави на каналот Дизни, сподели во многу ретко интервју дека се соочувала со болка кога е во прашање размислувањето за децата.

Пејачката „Back To You“ претходно сподели новости за нејзината битка со лупус, но сега откри дека „не може да ги носи сопствените деца“ поради нејзиното здравје.

– За жал, не можам да ги носам моите деца. Имам многу здравствени проблеми кои би ги ставиле во опасност мојот живот и бебето. Тоа беше нешто за што многу жалам и не е како што замислував дека ќе биде – изјави Гомез за октомвриското издание на Vanity Fair и додаде: – Сега сум многу подобро со тоа.

Пејачката додаде дека, од друга страна, смета дека е „благослов“ што ќе може да се реализира како мајка преку сурогат мајчинство или посвојување. Иако сето тоа е многу болно за неа, таа признава дека многу повеќе ги цени жените и подобро ги разбира сите оние кои се во слична положба и кои се надеваат дека еден ден ќе станат мајки.

– Возбудена сум што ќе дознаам како ќе изгледа сето ова, но ќе биде малку поинаку – прокоментира таа, пред да додаде: – На крајот на денот, не ми е гајле. Ќе биде мое, ќе биде мое бебе.

Во последниве месеци, романсата на Селена со продуцентот Бени Бланко се најде на насловните страници, но нејзините размислувања за основање семејство датираат уште подалеку. Ѕвездата беше сингл пет години пред да го запознае Бени (36), но отсекогаш мислела дека нејзиното семејство е најважно, ако „има вистинска атмосфера“ со личноста. Иако и двајцата имаат неверојатно успешни кариери, Бени исто така на почетокот на оваа година изјави дека децата се неговата следна цел во животот.

А пејачката вели дека никогаш досега не била „вака сакана“, додавајќи дека Бени и е „најдобар пријател“. Сепак, тие не ја спомнуваат венчавката и Селена вели дека „нема правила“ и дека тие се пар такви какви што се. Едно нешто што нема да трпи е да си го смени името.

– Јас сум Селена Гомез. Тоа е тоа – заклучила пејачката и актерка.

претходниот член,Освоила речиси 100.000 евра, а потоа потрошила години враќајќи го долгот: Ги потрошила сите пари, но заборавила да го направи ова „Испаднав глупава“
Следната статијаКој сака да плати 80.000 евра за автомобил?