Нема струја во Скопје, во повеќе делови во среда

1243

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по известување од ЕВН Македонија, информира дека утре, во среда (11 март), ќе има планирани прекини во снабдувањето со електрична енергија во повеќе делови од главниот град.

Без струја привремено ќе останат корисници во неколку скопски општини.

Во Карпош, од 08:30 до 12:00 часот, прекин ќе има за корисниците на булевар „Партизански одреди“ бр. 125-2.

Во Ѓорче Петров, од 09:00 до 13:00 часот, без електрична енергија ќе остане дел од улицата „Шидска“, во близина на менувачницата „Срна“.

Во населбата Лисиче (општина Аеродром), од 09:00 до 14:00 часот, струја нема да има на делови од улицата „Тодор Чангов“, околу броевите 30 и 38.

Планиран прекин ќе има и во населбата Драчево (општина Кисела Вода), каде од 11:00 до 13:00 часот без електрична енергија ќе биде дел од улицата „Ѓорѓи Динката“, во реонот кај основното училиште „Кузман Шапкарев“.

Прекините се поради планирани технички интервенции во електродистрибутивната мрежа.

Претходна вестНикој во светот не е безбеден: Напад во Канада – ова се првичните детали
Следна вестШто предвиде Нострадамус за 2026 година – Војна и помрачување: Крајот е нешто што сите ги шокира