МЗТ на чекор од шампионската титула

167

Кошаркарите на МЗТ Скопје запишаа втора победа со 80-75 во финалната серија од плеј-офот во Првата македонска лига против Пелистер.

Гостите од Битола започнаа подобро, но тимот од Аеродром пополека влезе во ритам и го презеде водството. Интересно беше во финишот од средбата, кога Пелистер успеа да дојде до три поени разлика (76:73), но домашните беа присебни, а тимот од Битола промаши неколку шута, и не успеа да направи пресврт во мечот.

Најефикасен во победничкиот тим беше Душан Танасковиќ со 16 поени, Делалиќ додаде еден помалку, додека Војдан и Дамјан Стојановски постигнаа 13, односно 11 поени.
Кај Пелистер најрасположен кошаркар беше Александар Костоски, кој постигна 17 поени.

МЗТ Скопје е на победа од нова шампионска титула, која ќе има можност да ја завери на теренот во Битола.

Претходна вестГрад, грмотевици, поројни дождови, силно невреме го зафати кумановско
Следна вестПотврден триесетдневен притвор за Љупчо Палевски Палчо