Мистериозно исчезна жена која на 1-ви август влегла во Македонија
Полицијата интензивно трага по 73-годишна државјанка на Словенија, која се води како исчезната откако влегла на територијата на Македонија.
Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека вчера во 17:15 часот во СВР Скопје било пријавено дека К.К. (73) од Словенија на 1 август ја преминала македонската граница преку граничниот премин Табановце, по што станала недостапна на телефонските повици.
По добиената пријава, полициските служби веднаш започнале со преземање мерки и активности за нејзино пронаоѓање.
Засега од МВР не откриваат дополнителни информации за околностите под кои исчезнала словенечката државјанка, а потрагата по неа продолжува.




