Страотен пожар во Македонија

Пожар избувна денеска околу 11:00 часот во близина на селото Василево, каде што огнот зафатил стрништа, сува трева и дива депонија.

На местото веднаш интервенирале екипи на Територијалната противпожарна единица Струмица со четири противпожарни возила и 11 пожарникари-спасители.

Поради високите температури и засилениот ветер постои опасност пожарот дополнително да се прошири, поради што екипите и понатаму се на терен и работат на негово локализирање и целосно гаснење.

Од ТППЕ Струмица апелираат до граѓаните да не палат стрништа, отпад и сува вегетација, како и веднаш да пријават доколку забележат пожар.

„Со одговорно однесување заеднички ги штитиме животите, имотот и природата“, порачуваат од противпожарната единица.

Претходна вестНајавено невреме во Македонија – познато кога и каде
Следна вестПочина д-р Никола Стојановски