Михаилоски петти, Попов дури 13-ти: Како СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ги вреднуваат своите подмладоци

181

Младите се нашата иднина. Да им дадеме шанса на младите. Да се бориме младите да останат во државата. Да ги цениме младите.

Ова се само дел од фразите кои ги користат сите политичари, во изјави за медиумите и прикажување пред јавноста.

Но, колку на дело го испочитуваа сето тоа двете најголеми политички партии?

СДСМ на претседателот на своите млади од СДММ, Марко Михаилоски му даде шанса да биде 5-ти во ИЕ 2, што речиси сигурно значи влез во Собранието и глас на младите од Законодавниот дом.

ВМРО-ДПМНЕ, пак, својот претседател на УМС го стави на 13-то место во ИЕ 1. Тоа значи и мали шанси за влез во Собранието и сето тоа доколку партијата биде дел од идната власт, во друго сценарио – влезот во парламентот е еднаков на невозможен.

Да, младите се нашата иднина. Но, потребно е да им дадеме шанса за да ги покажат своите квалитети.

Претходна вестГолема полициска акција во БиХ: Се апсат лица поврзани со исчезнувањето на Данка
Следна вестПРЕСВРТ: Четврти ден од потрагата по двегодишната Данка, родителите во фокусот на полицијата