Манекенка на 16 години се омажила за 50 години постар политичар: Ден по венчавката ја унапредиле мајка ѝ

295

Манекенката Кауане Роде (17) се најде во центарот на вниманието откако во 2023 година се омажи за 66-годишниот бразилски политичар Хисам Хусеин Дехаини.

Убавицата тогаш имала само 16 години и одела во средно училиште каде што сè уште учи, а тој бил градоначалник на Араукарија.

Она што е интересно е дека нивната врска не е незаконска, бидејќи законот во Бразил им дозволува мажите и жените да се венчаат на 16 години, иако за тоа е потребна согласност од родителите, пишува британски „Мирор“.

Сепак, разликата во годините и понатаму предизвикува бројни критики.

Како одговор на критиките поради разликата во години, Кауане на нивната прва годишнина од бракот на Инстаграм објавила скриншот од резултатите од пребарувањето на нејзиното и на името на нејзиниот сопруг на Гугл.

Таа го поставила прашањето: „Една година пребарувате колку години имаме. Обожаватели или мразачи?

Сепак, се чини дека разликата во годините на манекенката нималку не ѝ пречи, па со задоволство објавува фотографии со својот 50 години постар сопруг.

Нивниот брак предизвика контроверзии, според „Дејли стар“, особено затоа што се откри дека политичарот ја унапредил нејзината мајка на повисока позиција само еден ден по нивната венчавка. Марилена Роде само еден ден по венчавката на својата ќерка била унапредена и именувана за секретарка на културата во регионот Араукарија. Се шпекулира дека и сестрата на Марилена добила место на градски комесар, благодарение на младата убавица и нејзиниот сопруг политичар.

Двојката се запознала на настан организиран откако Кауане се пласирала на второто место на изборот за Мис Араукарија во 2022 година, во категоријата девојки на возраст од 15 до 17 години. Набргу по средбата влегле во емотивна врска, а потоа и се венчале.

Претходна вестВЕЛЕС: Ги терал своите деца да питачат, а парите ги трошел во казино
Следна вест(ФОТО) Лукаревска за Рамазан Бајрам: Празниците се за радост, за дружење, за среќа, за заедништво – честит празник драги пријатели