Македонска државјанка обвинета за тешко убиство во Хрватска

15295

Македонска државјанка обвинета за тешко убиство во Хрватска – Омaмeн, претепан и фрлен во река, пренесе ТВ Стар.

Јуре Удоровиќ (24) и Бојана Пешевска (32) се обвинети за тешко убиство од користољубие на Амар Софиќ (34), кој трагично загинал откако, според обвинението, бил омaмен, претепан и потоа фрлен во реката за да се удави.

Според обвинението, случајот се одвивал во Карловац, а жртвата – млад човек од Тузла – починал во исклучително тешки и насилни околности. Обвинителството тврди дека по убиството, Пешевска преку фалсификуван купопродажен договор го препишала автомобилот BMW 3 на свое име, наведувајќи дека го купила за 2.500 евра.

Двајцата обвинети, кои се појавија пред Жупанискиот суд во Карловац по година и пол од истрагата, на почетокот на постапката изјавија: „Не сме виновни“.

Во текот на истрагата, нивните изјави се менувале – Удоровиќ првично молчел пред обвинителството, додека Пешевска останала на својата верзија на настаните, тврдејќи дека се плашела и дека е невина.

Случајот се темели на повеќе докази, меѓу кои и содржина од мобилни телефони, снимки од надзорни камери, како и спорни документи околу преносот на возилото. Обвинителството тврди дека станува збор за убиство со мотив од користољубие, додека одбраната посочува на противречности во доказите и вештачењата.

Судскиот процес е во тек, а јавноста во Карловац внимателно го следи развојот на еден од најтешките кривични случаи во последните години.

Извор: ТВ Стар

Претходна вестПочина Славчо Максимовски
Следна вестНе ги фрлајте лушпите од јајца – еве зошто се корисни