Пожар избувна вечерва над селото Горно Свиларе, во околината на Скопје.
Од скопската Бригада за против пожарна заштита, за МИА изјавија дека упатено е едно возило со тим пожарникари, но не можеле да интервенираат поради непристапноста на теренот.
Од Центарот за управување со кризи, информираа дека гори претежно трева и грмушки на непристапниот терен.
-Поради ниските температури има големи шанси пожарот да изгасне сам во текот на ноќта. Доколку утре наутро пожарот се уште е активен ќе ангажираме воздухоплови, наведуваат од ЦУК.