Крвава драма: Брат го уби братот по расправија – осомничениот уапсен по ноќна потрага, голема трагедија ја потресе Тузла

2040

Тешко убиство ја потресе Тузла, откако 46-годишниот Елвис Селимовиќ е осомничен дека синоќа го лишил од живот својот брат Елдин Селимовиќ во населбата Миладије, пренесуваат локалните медиуми.

По целоноќна потрага, осомничениот бил уапсен утрово, со што завршила интензивната полициска акција за негово пронаоѓање.

Жртвата, 40-годишниот Елдин Селимовиќ, бил тешко ранет со истрели од автоматско оружје и итно пренесен во болница, каде подоцна им подлегнал на повредите.

Според информациите, трагичниот настан се случил околу 22:45 часот, а на убиството, според неофицијални извори, му претходела расправија меѓу двајцата браќа.

Дополнително, се наведува дека Елвис Селимовиќ ѝ бил познат на полицијата од претходно. Во 2024 година бил пријавен за насилно однесување, кога оштетил возило и се дал во бегство, по што бил пронајден и уапсен, при што полицијата го привела без облека.

Надлежните институции работат на целосно расчистување на случајот и утврдување на сите околности поврзани со ова тешко кривично дело.

Претходна вестАх животе, суров ли си: Брзо се прошири веста за ненадејната смрт на македонскиот музичар – пријателите во неверување се простуваат од Дарко