Крвав инцидент ја вознемири Македонија: Полицијата веднаш излезе на терен – повредените завршија во болница

70

Жена на 61 годишна возраст од Куманово била нападната со остар предмет во угостителски објект на улицата „Бранко Богдански – Гуцман“, соопшти денеска МВР.

Инцидентот бил пријавен на 4 декември 2025 година, околу 07:17 часот.

Напаѓачот, 84-годишен жител на Куманово, ја нападнал жената во дел од објектот кој се користел за живеење.

Нејзиниот 38-годишен син, кој се наоѓал во соседната просторија, реагирал веднаш и успеал да ја одбрани.

И напаѓачот и нападнатата жена се здобиле со повреди и биле пренесени во Општата болница во Куманово.

Увид извршила полицијата, при што бил пронајден и остриот предмет.

По отпуштањето од болница, осомничениот ќе биде лишен од слобода и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Претходна вестМВР со голема акција: Поднесени 11 кривични пријави
Следна вестОбјавена снимка од уапсениот Македонец што ја уби сопругата во Италија – истрагата открива мрачни детали