Кривичниот суд му додели казна затвор во траење од 12 години на Стојанче Јовановски, кој беше обвинет за загрозување на сигурноста, тешка телесна повреда и наведувае на самоубиство.
Јовановски за трите дела е осуден на 12 години затвор.
Трагедијата за која е обвинет Јовановски се случи на 2. март годинава, кога неговата сопруга Ивана и шестгодишната ќерка Катја ги загубија животите по пад од зграда во скопската населба Тафталиџе.
Обвинителството побара максимална казна за Јовановски.




