Јавен обвинител и екипи на МВР вршат увид на местото на сообраќајката кај Катланово

1004

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје и увидни екипи на МВР вечерва вршат увид на лице место на сообраќајна несреќа на автопатот Скопје – Велес, информира ЈОРМ.

На местото на несреќата е повикан и сообраќаен вештак за утврдување на причините.

Според ЈОРМ, се преземаат увидни дејствија, а јавниот обвинител ќе ги издаде сите потребни наредби за вештачења.

Во сообраќајката што се случи попладнево на автопатот Скопје – Велес загинаа три лица, а пет се повредени. како што изјавија од МВР за МИА, несреќата е пријавена во 17.45 часот, а до неа дошло откако на автопатот Скопје – Велес, пред тунелот, се превртело комбе.

Според АМСМ, поради сообраќајката се блокирани двете сообраќајни ленти на автопатот Скопје – Велес. Сообраќајот е во прекин од 17.45 часот и се пренасочува преку Петровец – Велес (по стариот пат), Миладиновци – Св.Николе – Велес – Штип.

претходниот член,Страшна вест ја потресе државата: Загинаа три лица, откако комбе се преврте на автопат – 5 лица се во болница
Следната статијаХорор ги потресе сите: Уапсена ќерка за убиство на неподвижен татко