ИСЧЕЗНАТА: Се трага по 20-годишната Ана, секоја информација е добредојдена – семејството апелира за помош

3021

Доцна вечерва преку социјалните мрежи се појави повик за помош.

Вклучени се сите балкански земји во споделувањето на апелот за помош и пренесувањето на информации. Исчезната е 20-годишната Ана.

Ана Радовиќ која има 20 години исчезнала на 23 ноември, кога од Златибор тргнала кон Белград за факултет. Семејството апелира до сите граѓани кои имаат било каква информација за неа да веднаш ја известат најблиската полиција.

Ана последен пат разговарала со својот брат во 18:45 часот, во близина на Чачак. Тоа бил и последниот контакт со семејството. По тоа, нејзиниот телефон бил достапен уште околу 13–14 часот, а потоа станал недостапен.

Според информациите од полицијата, истиот ден на патот не била пријавена ниту една сообраќајна несреќа.

Семејството ги повикува сите кои можеби ја виделе Ана или имаат информации за нејзиното движење, веднаш да се обратат на полицијата. Секоја информација е значајна.

Претходна вестГолем пожар вечерва кај трговскиот центар – познат и како поранешна „Променада“
Следна вестДел од граѓаните добија пари, другите граѓани ДЕНЕС да ги проверат сметките – приливот може да се случи во секој момент