Инспектори на адвокатот Васко му покажале слика од Зорица и го прашале: Дали ја имаш видено оваа жена со Палчо? Одговорот бил: Не

14425

Адвокатот Васко Стојков сведочеше денеска како го однел со кола во Белград Љупчо Палевски, првообвинет за убиствата на Вања Ѓорчевска и на Панче Жежовски.

На прашањето од обвинителот каде бил на 30 ноември 2023 година тој рече:

– Бев дома утрото, а потоа заминав во Белград со Љупчо Палевски. Утрото околу 8.30 часот ми се јави Палевски, дали знам нотар што работи во четврток, кој беше неработен ден. Реков дека не знам. Ме викна во партија на кафе, таму ме чекаше Влатко Кешишев, ми рече Палчо не е тука, ајде да одиме кај него. Влезе во колата, тргнавме накај Аеродром, кон Фондот за пензиско, и таму влеговме во еден стан каде беше Палевски. Во станот беше уште едно лице кое не го познавам. Таму прво коментиравме околу самата зграда, па зборувавме зошто му е нотар. Рече дека сака да оди прво до Белград, а потоа до Турција на лекар, но дека нема кола за преку граница, дека нема полномошно од нотар да го вози надвор од граница возилото на партијата, а тоа беше комбе „фиат добло“. Му реков дека јас можам да го однесам.

На крајот од исказот, прашања поставуваше и Палевски кон Стојков.

Палевски го праша Стојков:

– Што ти реков од Турција за тоа каде сум се движел во петокот? Дали бегав од државата? Какво бегање е кога првите три саати бевме во Скопје?

– Рече дека си бил во банка, па во Дебар Маало кај Аслан Вишко во „Радио Рим“, не бев сигурен дали дента си бил и во Глуво кај мајка ти, до партија… – рече Стојков.

– Полицијата ме праша дали Палевски има љубовница. Реков дека не знам. Потоа полицијата ми покажа слика од Зорица Ѓорчевска и ме праша дали оваа жена сум ја гледал со Палчо, реков „Не“ – рече Стојков.

Претходна вестБлизок соработник на Палчо открива: Пиштолот го држеше на пола метар на дофат, му беше во фиока, на масичка..
Следна вестПродолжува судењето против Жан Митрев: Оштетено лице бара парична надомест од 50.000 евра