Ноќеска во 00.30 часот, во угостителски објект во струшката населба „Езерски лозја“, лишени од слобода се С.К.(36) и Б.С.(38), двајцата од Струга.
Тие претходно во објектот предизвикале вербална расправија со присутните гости, а потоа, пред објектот оштетиле неколку возила и физички го нападнале и повредиле вработениот А.Н. од Охрид.
Двајцата се однесувале агресивно и кон полициски службеници кои преземале службени дејствија.
По целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.