И тоа е можно кај нас: Налепниците на новите автобуси со јазични грешки – еве за што се работи

342

Забележани се правописни грешки на ориентационите налепници на новите еколошки автобуси кои ги донираше Европската унија преку проектот „ЕУ за чист воздух“, соопштија од Министерството за животна средина и просторно планирање.

Како што наведуваат во соопштението, налепниците на еколошките автобуси се на македонски, албански и англиски јазик, додека правописните грешки се забележани само на македонски и албански јазик.

„Новите автобуси со компримиран природен гас, кои денеска преку УНОПС беа испорачани на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) во Скопје, а се донација од Европската Унија преку проектот „ЕУ за чист воздух“, пристигнаа во Македонија со ориентациони налепници на македонски, албански и англиски јазик од странскиот инвеститор, а на нив се забележани правописни грешки на албански и македонски јазик“, се наведува во соопштението.

Од МЖСПП додаваат дека веќе се изготвени нови налепници и тие ќе бидат заменети пред да бидат пуштени во употреба шестте еколошки автобуси.

„Грешките се веднаш воочени и изготвени се нови налепници од страна на УНОПС, кои ќе бидат заменети пред пуштањето во употреба на шестте еколошки автобуси, наменети за подобрувањето на квалитетот на воздухот во градот Скопје“, стои во соопштението на МСЖПП.

Претходна вестБојко Борисов ја повлече кандидатурата за премиер на Бугарија: Не сакам веќе да се занимавам со оваа уништена држава
Следна вестЗаврши средбата Филипче – Сиљановска-Давкова, лидерот на опозицијата откри што и укажал на претседателката