Пријатна, пријателска и конструктивна – вака лидерот на СДСМ, Венко Филипче, ја оцени денешната средба со претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова, велејќи оти ваква форма на политички дијалог помеѓу опозицијата и шефицата на државата треба да стане редовна пракса.
„Средбата ја побарав јас по последниот состанок на комисијата за европски прашања каде што излагање имаше претседателката, пренесувајќи го искуството од нејзиното членување во Националниот совет за евроинтеграции каде што јас како пратеник сум претседател и во таа смисла некои укажувања што треба да побара Советот од Владата за да го прати и контролира исполнувањето на планот за раст и реформската агенда“, изјави Филипче.
За време на средбата, на Сиљановска-Давкова ѝ укажал дека смета оти треба да реагира за работи од нејзина надлежност, пред сè, како што рече, за партизацијата во дел од безбедносните структури. Укажал и на ризикот од спојување на двете безбедносни агенции – Агенцијата за национална безбедност и Агенцијата за разузнавање.
„Сметаме дека ризикот може да биде многу голем доколку настане фузија на двете безбедносни агенции, а се продолжи со ваква партизација имајќи предвид дека сме имале такво лошо искуство во минатото дека таква гломазна безбедносна партизирана институција може да се злоупотреби“, додаде лидерот на СДСМ во изјавата за медиумите по средбата со претседателката.
На состанокот разговарале и за евроинтеграциите на земјава и за процесот на нивна деблокада, во контекст на последната средба на претседателката со нејзиниот бугарски колега Румен Радев.
Во оваа смисла Филипче вели дека како опозиција ќе ја поддржат секоја подобрена позиција на македонските евроинтеграции што ќе ја обезбеди Владата. Сиљановска-Давкова ја информирал дека претходната власт на СДСМ се обидела уставните измени да бидат со одложено дејство, но оти тоа било неприфатливо од бугарска страна, конкретно од тогашниот премиер на Бугарија, Кирил Петков.
На прашањето дали како опозиција би поддржале уставни измени со одложено дејство доколку таква точка се најде пред пратениците во Собранието, Филипче одговара: