Бојко Борисов ја повлече кандидатурата за премиер на Бугарија: Не сакам веќе да се занимавам со оваа уништена држава

535

Лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, соопшти дека ја повлекува кандидатурата за премиер на Бугарија, јави БТА.

– Не сакам веќе да се занимавам со оваа разрушена држава. Категорично ја повлекувам кандидатурата. Чекаме премиер со еквидистанца – изјави Борисов на прес-конференција, додавајќи дека веднаш ќе го врати мандатот кога ќе го добие.

– Ги добивме неопходните одговори и тие покажуваат дека во мене не гледаат добар лидер или премиер – објасни Борисов, осврнувајќи се на ставот на „Продолжуваме со промените – Демократска Бугарија“. Тој истакна дека нема да се занимава со проблемите кои, како што рече, биле создадени во последните четири години.

– Говорат за премиер со политика на еквидистанца. Кажете го тоа име, јас сакам да се натпреварувам со него. Зошто не го ставија името на маса? Но никој не кажува кој е – нагласи Борисов.

Извршниот комитет на ГЕРБ вчера ја потврди претходното одлука дека лидерски преговори ќе се одржат само доколку се водат за формирање мнозинство и редовна влада.

Претходна вестЗа прв пат во историјата на градот: Валандово добива капела на градските гробишта
Следна вестИ тоа е можно кај нас: Налепниците на новите автобуси со јазични грешки – еве за што се работи