Христијан Мицкоски: Македонија победи, СДСМ и ДУИ одат во опозиција

563

Време е СДСМ и ДУИ да одат во опозиција, порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, откако првичните резултати од претседателските и парламентарните избори покажаа дека ВМРО-ДПМНЕ постигна убедлива победа против СДСМ.

Мицкоски најави дека за многу брзо ќе ги почне преговорите за нова влада со коалицијата Вреди и порача дека планира резултатите од нивната работа да се почувствуваат уште во првите 100 дена од владата. Планира да разговара и со другите опозициски партии, ЗНАМ и Левица, но оти тоа не значи дека ќе бидат дел од новата влада.

Тој рече дека причина за падот на владата се криминалот, корупцијата, лажните вредности, одземената држава, тендерите и непотизмот. Поразени се предавствата, поделбите и тие стотина луѓе од ДУИ и СДСМ, кои мислеа дека се господари на нашите животи, рече Мицкоски.

-Нив денеска ги боли главата и има и зошто. Ќе одговараат до последниот, секој кој направил криминал и спровел корупција. Мора да има одговорност којашто ќе се темели на правда и закони. Поразен е и бојкотот на ДУИ. Ова на нашата победа ѝ дава посебно задоволство. Народот покажа дека нема да дозволи поединци да создаваат кризи и преку институции да се штитат себеси. А, ДУИ покажаа дека се најмалку партија која се грижи за Македонија, но се им се удри од глава и на крај се избојкотираа самите себе си. Време е заедно со СДСМ да одат во опозиција, рече Мицкоски.

претходниот член,Димитриевски: ЗНАМ вечерва испиша историја
Следната статијаФатмир Битиќи поднесе оставка од позицијата потпретседател на СДСМ