Хорор ја потресе цела Македонија: Се скарале, па ја фрлил низ прозорец. Веста брзо се прошири…
На лице место излегла Брза помош, а интервенирала и полицијата.
На 27.06.2025 околу 15 часот во Полициската станица Пехчево е пријавено дека во ходник од објект на Центарот за социјални работи во Пехчево, по претходна расправија поради недоразбирања во врска со нивната малолетна ќерка, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу В.Т.(27) од Гевгелија и В.П.Н.(23) од Пехчево.
При тоа, според пријавеното, В.Т. ја турнал В.П.Н. во прозорецот, при што В.П.Н. паднала во дворот на објектот. На В.П.Н. и е укажана лекарска помош од Итната медицинска помош-Пехчево, а В.Т. е приведен во полициска станица.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.