Хаос во позната македонска кафеана: Претепан музичар, искршена опрема

109

Полицијата поднесе кривична пријава против 37-годишен жител на Крива Паланка, кој се сомничи дека предизвикал инцидент во угостителски објект, при што физички нападнал музичар и оштетил дел од музичката опрема.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека случајот бил расчистен од страна на Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка, по што против Б.Ц. (37) била поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.

Според информациите од полицискиот билтен, инцидентот се случил на 12 април 2026 година во угостителски објект во Крива Паланка, каде настапувала музичка група.

„Пријавениот попречувал членови на музичката група, која била ангажирана во објектот, физички нападнал еден од членовите и ја оштетил музичката опрема“, наведуваат од МВР.

По прибирање на сите потребни докази, изјави од сведоци и документирање на случајот, против осомничениот е поднесен соодветен поднесок до надлежното обвинителство.

Претходна вестФОТО: Матурантката за која зборува цел Балкан – дали вие би дозволиле вашата ќерка да оди вака облечена на матура?
Следна вестТешка сообраќајна несреќа во Македонија: Возило заврши превртено покрај пат