Хаос на свадба во Србија – пејачот Џани заврши во болница, откако верувале или не, гостин го каснал за стомакот

308

Пејачот Радиша Трајковиќ познат како Џани доживеа невидена непријатност.

Синоќешната свадба во Стара Пазова заврши неочекувано драматично кога познатиот пејач завршил со повреди, откако според сведоштвата на присутните, еден од гостите го каснал за стомакот.

Инцидентот се случил неколку песни откако Џани го започнал својот настап пред собраните гости. Според очевидци, атмосферата на почетокот била весела и без проблеми, сè додека ненадејниот конфликт меѓу пејачот и гостинот не прераснал во физички контакт.

Откако ја примил брзата помош, Џани бил префрлен во локалната болница на преглед, а неговата здравствена состојба моментално е стабилна.

Полицијата излегла на терен и собира изјави, а идентитетот на гостинот кој го предизвикал инцидентот сè уште не е официјално објавен.

Организаторите на свадбата изразија жалење за несреќниот настан и нагласија дека станува збор за изолиран инцидент кој не го загрозил остатокот од прославата.

Овој необичен настан предизвика лавина од реакции, а многу обожаватели на пејачката изразија загриженост и поддршка.

Претходна вестЛоша вест во Македонија: 41-годишен маж ја пронашол почината својата сестра
Следна вестАпел до граѓаните – да не излегуваат: Сериозна е состојбата со пожарот во депонијата во Радовиш