Голема трагедија во Македонија: Студентка е пронајдена почината во стан кој го изнајмувала

1170

ТВ Стар неофицијално објавува дека турска студентка пронајдена е почината во изнајмен стан во Штип, на улицата Васил Главинов.

Информацијата до надлежните стигнала од нејзини колеги кои неколку дена безуспешно се обидувале да стапат во контакт со неа.

По неа денес на лице место таму беа увидна екипа на СВР Штип, возило на Брза помош и возило на ТППЕ Штип.

Според очевидци во прашање е студентка која живеела во посочениот стан сама. Од страна на полицијата пронајден е сопственикот на станот, но сепак увидната екипа во станот влезе преку прозорецот.

Во овој момент официјални информации и други детали нема, но тиесе очекуваат во првата прилика. Не се знаат причините за смртта, односно дали таа е насилна или во прашање е нешто друго.

Телото ќе биде предадено на обдукција по што ќе се знаат сите детали за причината за смртта.

Извор на веста: Телевизија Стар

Претходна вестАко имате возачка дозвола – ова е најнова одлука
Следна вестПратеник сам си пратил заканувачко писмо за да добие државно обезбедување – и тоа го има во Бугарија