Голема трагедија – Ненадејно почина братот на пејачот Елвир Мекиќ

На 46-годишна возраст ненадејно почина Елвис Мекиќ, брат на познатиот македонски пејач и текстописец Елвир Мекиќ.

Веста за неговата смрт предизвика тага кај семејството, блиските и пријателите.

Веста ја сподели пејачот Јоце Панов преку емотивна порака.

„Зошто бе Еки, зошто бе братче, зошто замина толку рано, толку млад и полн со живот, зошто бе брат????“, стои во објавата.

Во потресното простување се опишуваат годините исполнети со дружење, смеа и заедничко пеење.

„Со кого ќе се смеам и кој ќе ми пее терци сега?“

Авторот на пораката додава дека спомените од заедничките моменти засекогаш ќе останат, а песните што најмногу ги сакал починатиот ќе продолжат да се пеат во негова чест.

„Јас ќе те паметам насмеан, и ќе ги пеам за тебе песните што најмногу ги сакаше и секогаш ги пеевме заедно. Збогум ЕКИ.“

Елвис беше брат на Елвир Мекиќ, едно од препознатливите имиња на македонската поп-сцена, особено во текот на 2000-тите години.

Елвир својата музичка кариера ја започна уште како тинејџер, а пошироката публика го препознава по повеќе песни кои оставија белег на домашната музичка сцена, меѓу кои „Опасно“, „Уште те има“, „Некаде после два“ и „Армија“.

Во текот на кариерата соработуваше со бројни музичари од Македонија и регионот, а меѓу најзначајните е неговата долгогодишна соработка со композиторот и продуцент Јован Јованов.

По подолга пауза од македонската музичка сцена, Мекиќ повторно се активираше со нови песни и настапи.

Претходна вестПравославните верници денес го слават Преображение Господово – едно нешто не треба никако да правите