Еден од најпознатиот пар на социјалните мрежи, Александар и Евче со важна објава која многумина од нивните фанови разочара – повеќе не се заедно

1157

Инфлуенсерите Александар Динев и Ева Јовановска – Евче преку социјалните мрежи споделија вест, која ги изненади нивните фанови. Сето тоа се случило пред 4 месеци, но тие сега одлучија да споделат со јавноста.

Нивната заедничка порака гласи:

Веќе некое време размислуваме како да го споделиме ова, затоа што не е лесно да се зборува јавно за нешто што за нас е многу лично.

Бидејќи нашата врска беше јавна од самиот почеток и бидејќи многу од вас постојано не прашуваат за истата, чувствуваме дека е најискрено да го споделиме ова со вас.

Ние повеќе не сме заедно.

Веќе 4 месеци не сме во врска, а во тој период си дадовме простор и време за себе. Денес сме во добар однос и продолжуваме понатаму со меѓусебна почит и разбирање.

Не би сакале да навлегуваме во детали, затоа што веруваме дека некои работи заслужуваат да останат приватни. Тоа што сакаме да го кажеме е дека имаме почит еден кон друг, благодарни сме за сите убави моменти што ги споделуваме и искрено си посакуваме мир, среќа и многу успеси понатаму.

Ве молиме да не испраќате омраза, да не создавате претпоставки и да не не притискате со прашања. И двајцата сме луѓе со чувства и во овој период најмногу ни значи вашето разбирање.

Ви благодариме на сите што не поддржувате и ќе продолжите да не поддржувате понатаму.

Со љубов, Александар и Ева.

Претходна вестБојана Скендеровски искрено за минатото и првиот брак
Следна вестШок и солзи во „Ѕвездите на Гранд“ – Македонецот кој шармираше доби црвен картон и си заминува