Шок и солзи во „Ѕвездите на Гранд“ – Македонецот кој шармираше доби црвен картон и си заминува

40

Помина уште една возбудлива и неизвесна ноќ во музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“, која заврши со многу емоции, солзи и неверување. Двајца извонредни кандидати, од кои едниот од Македонија, мораа засекогаш да го напуштат натпреварувањето на само еден чекор пред големото четвртфинале.

По жестоката битка во маратонскиот бараж и тензијата која траеше до последната секунда, следуваше прогласувањето на гласовите кое целосно ги растажи и натпреварувачите на сцената и публиката во студиото.

Во моментот кога сите со подотворена уста чекаа да слушнат кој продолжува понатаму, водителот Воја Недељковиќ ја соопшти одлуката од гласањето.

Тој откри дека, за жал, натпреварувањето го напуштаат нашиот Филип Александровски и неговиот колега Марио Мијатовиќ.

За Филип ова беше исклучително емотивен момент, со оглед на тоа што претходно во дуелот покажа извонредна енергија и ведрина со која го освои дури и Драган Којиќ – Кеба, но баражот овој пат се покажа како лотарија во која нијансите одлучија во корист на другите кандидати.

Иако Филип Александровски ја заврши својата авантура во оваа сезона на „Ѕвездите на Гранд“, тој веќе покажа дека Македонија има уште еден голем талент на кој допрва му претстои музичка кариера, па така нашето момче си замина со крената глава.

Потсетуваме дека Филип во еден од претходните кругови ги воодушеви сите кога настапи со песната „Мојата Македонија“ од Темелков.

Вистинско изненадување беше и кога во една од претходните емисии се појави помалиот брат на Филип, Огнен.

Овој момент беше исклучително емотивен за Филип и предизвика солзи кај него, со што откри дека брат му му е слаба точка.

Неговиот брат цело време играше и пееше зад сцената, а кога го поканија да излезе пред камерите, ги воодушеви сите.

Огнен излезе пред камерите и праша дали може да се фотографира со жирито, а откако му ја исполнија желбата, следуваше громогласен аплауз.

Претходна вестЕден од најпознатиот пар на социјалните мрежи, Александар и Евче со важна објава која многумина од нивните фанови разочара – повеќе не се заедно