Државата дели ваучери за инвертер клими – еве кој може да добие

175

Рокот за пријавување е до 30 април 2026 година, а аплицирањето се врши електронски.

Поддршката е наменета за домаќинства во кои живеат лица корисници на надоместок заради попреченост, како и за домаќинства со деца со попреченост до 26 години кои користат посебен додаток. При тоа, за да се аплицира, мора да се исполнат и утврдени доходни критериуми за 2025 година.

Според објавените услови, кај едночлено домаќинство лимитот е 30.000 денари, кај домаќинство со два члена 45.000 денари, со три члена 63.000 денари, а со четири и повеќе члена 83.000 денари. Надоместокот за попреченост и посебниот додаток не се вклучуваат во пресметката на доходот.

Министерството наведува дека за првпат постапката е целосно дигитализирана, што значи дека граѓаните нема да поднесуваат хартиени документи во архива, туку целата постапка ќе ја завршуваат онлајн преку платформата за аплицирање. Покрај барањето, ќе треба да се достави и комплетна документација, вклучително и изјава заверена на нотар, соодветни решенија, лични документи и докази за составот на домаќинството.

Изборот ќе се прави врз основа на уредни и комплетни апликации, сè до исцрпување на предвидените средства, а министерството ќе ги проверува податоците по службена должност преку надлежните институции.

Претходна вестКога ќе се разбудите на Велигден – ОВА е првата работа што треба да ја направите
Следна вестТрагедија на Велигден: Филип загина во тешка сообраќајна несреќа