Во моментот големо невреме во Македонија

1639

Територијата на Македонија во текот на денешниот ден останува под влијание на циклонска активност која од Џеновскиот залив се преместува над регионот и условува променливо и нестабилно време во земјата.

Според метеоролошките информации, ваквата циклонска активност ќе создава услови за локално развиена нестабилна облачност, проследена со повремени поројни врнежи од дожд, појава на грмежи и засилен ветер.

Во одредени делови од државата можни се и краткотрајни интензивни процеси, кои локално можат да преминат во невреме.

Во моментов, источно од Демир Хисар е регистрирана нестабилна атмосферска зона, која е проследена со пороен дожд, електрични празнења и засилен ветер.

Оваа нестабилност се движи во правец од запад кон исток и во наредните часови може да зафати и други региони.

Надлежните служби апелираат на внимателност при движење на отворено, особено во периодите на поинтензивни врнежи и грмежи, поради можност за локални поплавувања и отежнати услови во сообраќајот.

Претходна вестДимитријевиќ за случајот на Богоев: Има ли некој што верува дека ова не е монтиран случај? Прочитани сте
Следна вестОваа општина доделува по 3.000 денари за секое прваче