Чуден потег на дел од бензинските пумпи во Македонија

Дел од бензинските пумпи во Скопје вечерва привремено ја прекинаа продажбата на дизел гориво, непосредно пред стапувањето во сила на новите, повисоки цени што ќе важат од полноќ.

Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), од 18 август во 00:01 часот дизелот поскапува за 6,50 денари и ќе се продава по максимална цена од 98 денари за литар.

Новите максимални цени предвидуваат и 91,50 денари за литар за Еуросупер БС-95, односно 93,50 денари за литар за Еуросупер БС-98.

Од РКЕ информираат дека просечното поскапување на нафтените деривати изнесува 4,85 проценти, како последица на повисоките цени на светските пазари.

Регулаторната комисија потсетува дека утврдените цени се максимални, што значи дека трговците можат да ги продаваат горивата и по пониски цени.

Претходна вестМладо момче заразено со западнонилска треска во Македонија