Во сообраќајна несреќа повредени две жени

Две жени се здобиле со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што утрово се случила на улицата „Корчуланска“ во Ресен.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена во 05:56 часот, а се случила околу 05:37 часот, кога патничко возило „шевролет“ со ресенски регистарски ознаки, управувано од 66-годишната Л.С. од село Стење, излетало од патот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачката и нејзината 71-годишна сопатничка Р.Д. од Ресен.

Повредите биле констатирани во Клиничката болница во Битола.

На местото на несреќата извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Ресен, а за случајот бил известен и јавен обвинител.

Претходна вестСамо што пристигна одлична вест: Овие граѓани да си ги проверат сметките