Цел стадион скандираше: „Косово е Србија“, косовските фудбалери го напуштија теренот

63

Скандал во Букурешт на натпреварот од Ц-лигата на нации, меѓу Романија и Косово кој не го дочека својот крај откако, при резултат 0-0, во судиското продолжение, гостинските фудбалери се налутија и го напуштија теренот.

Во тензичен меч косовските репрезентативци се налутија поради скандирањата од трибините „Србија, Србија…“ и „Косово е Србија“, што, како што објаснија по мечот, тоа за нив е расизам и провокација поради што одлучиле предвреме да го напуштат теренот.

Дел од играчите на Косово на заминување шутираа и топки кон трибините по што влегоа во соблекувалните.

Навивачите и репрезентациите на Романија чекаа 15 минути да се вратат противничките играчи, но потоа следеше информацијата дека натпреварот нема да се доигра.

Претходна вестНикола (35) во автомобилот го качи својот 2-годишен син: Намерно преминал во другата лента и се забил во камион – загинаа и двајцата
Следна вестВОНРЕДНО: Автобус на ЈСП излета на патот Раштак-Булачани