На денешната седница на Централниот одбор на СДСМ, генералниот секретар Александар Саша Димитријевиќ е избран за Шеф на Централниот изборен штаб за претстојните локални избори.
-Следува интензивна, одговорна, теренска работа со граѓаните, со членовите. Ќе излеземе со најдобра програмска понуда пред граѓаните со најдобриот тим и кандидати за градоначалници и советници. Со нова енергија, ентузијазам и решителност СДСМ е подготвена за локалните избори, објавија од партијата.



