Трагична сообраќајка со смртни последици синоќа во Македонија

Лошата вест брзо се прошири. Трагична сообраќајка со смртни последици синоќа во Македонија.

Од здобиените на местото на настанот починал возачот на патничкото возило „хјундаи“ А.С., а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.

На 31.08.2026 во 20:00 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на регионалниот пат Кичево – Македонски Брод се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мазда“ управувано од Д.С.(75) од Кичево и патничко возило „хјундаи“ со регистарски ознаки од Македонски Брод, управувано од А.С.(75) од с.Преглово, кичевско.

Со тешки телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило „мазда“, додека со телесни повреди се здобиле сопатниците од патничкото возило „хјундаи“, 15-годишен малолетник од с.Преглово, кичевско и А.А.(21) од с.Пласница, кичевско, констатирани во Медицински центар Кичево и Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје.

Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа на ОВР Кичево.

Претходна вестУХМР ОБЈАВИ МАПА: Започна невремето во Македонија
Следна вестТажната вест се прошири пред малку: Почина газдарицата на еднa од најпознатите туристички агенции во Македонија