Тажна вест сподели македонскиот пратеник Игор Здравковски.
Тој им се обрати на своите сограѓани, сопартијци и пријатели.
-Почитувани сограѓани, сопартијци и пријатели…
Со огромно жалење и неверување ја примивме веста за прераната и ненадејна смрт на нашиот брат, јунак, горостас Роберто Јаневски.
Дете на партијата, дете на чесни родители, човек што со гордост и чесност го носеше во себе идентитетот на посветен христијанин, вмровец и патриот.
Вистинско Македончиште!
Посмртните останки на нашиот брат Роки ќе бидат изложени во црквата св.Спас во Велес во понеделник 24.8 во 12:00 за последен поздрав…
Ќе фалиш брату… Многу…





