ФОТО: Ова не е сцена од филм – ова е Македонија вечерва

Ова не е сцена од филм. Ова е Македонија вечерва.

Стара македонска куќа проголтана од пламен. Небо обоено во црвено. Село кое повторно ја поминува ноќта во страв.

Додека гори Чаниште, гори и на многу други места низ Македонија. До 18 часот денеска беа регистрирани 27 пожари на отворено, од кои 11 се активни, а пожарот во Мариово повторно се разгоре и огнената линија достигна околу 20 километри.

Оваа фотографија најдобро ја покажува трагедијата што ја живееме – оган, чад, уништени домови и луѓе кои со последни сили се борат да го спасат она што генерации го граделе.

Вечерва не гори само сува трева и шума.

Горат македонски села. Горат домови. Гори дел од нашето културно и историско наследство.

Да бидеме повнимателни. Една искра е доволна да уништи сè што природата и луѓето создавале со децении.

Претходна вестТешка вечер за пожарникарите – се брани селото Крушевица, огнената линија се протега на околу 20 километри
Следна вестДоцна вечерва: Моментално силно невреме во овие македонски градови