Келнерка доби 1.000 евра бакшиш, но пораката на сметката ги шокираше сите

Една келнерка останала во неверување откако непознат гостин во ресторан ѝ оставил бакшиш од неверојатни 1.000 евра. Сепак, причината поради која таа решила да ја сподели необичната ситуација со корисниците на „Редит“ не бил само износот на бакшишот.

Сметката изнесувала 129 евра, а задоволниот гостин наместо вообичаен бакшиш оставил дополнителни 1.000 евра. Но, на сметката напишал и порака која предизвикала бројни реакции.

„Убави брадавици, принцезо. Јави ми се“, стоело на сметката, заедно со неговиот телефонски број, кој келнерката одлучила да го сокрие поради заштита на приватноста.

Откако приказната била објавена на „Редит“, голем број корисници го осудиле неговиот потег, оценувајќи дека пораката е несоодветна и вознемирувачка, и дека бакшишот не го оправдува таквото однесување.

Сепак, имало и корисници кои сметале дека финансискиот дел не треба да се игнорира.

„Би ги земала парите, но никогаш не би контактирала со него“, напишала една корисничка.

Случајот предизвика дебата меѓу корисниците – дали висок бакшиш може да го промени впечатокот за навредлива порака или границите на пристојноста не треба да зависат од сумата на пари.

Претходна вестДенес е празник – овие работи не треба да ги правите