Конечно врнежи од дожд во Македонија – еве и точно кога

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност.

Ќе дува слаб до умерен променлив ветер.

Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 20, а максималната ќе достигне од 33 до 40 степени.

Во Скопје, сончево и многу топло со слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 38 степени.

Времето во наредните денови

Продолжува периодот на сончево и многу топло време со дневна температура која во некои места ќе надмине 40°C.

Од четврток до крајот на седмицата во попладневните часови ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи.

Претходна вестПочина познатата актерка Наталија Дончева
Следна вестПочина Биљана – зад себе остави две деца, голема тага на балканската естрада