Мистериозно исчезна жена која на 1-ви август влегла во Македонија

Мистериозно исчезна жена која на 1-ви август влегла во Македонија

Полицијата интензивно трага по 73-годишна државјанка на Словенија, која се води како исчезната откако влегла на територијата на Македонија.

Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека вчера во 17:15 часот во СВР Скопје било пријавено дека К.К. (73) од Словенија на 1 август ја преминала македонската граница преку граничниот премин Табановце, по што станала недостапна на телефонските повици.

По добиената пријава, полициските служби веднаш започнале со преземање мерки и активности за нејзино пронаоѓање.

Засега од МВР не откриваат дополнителни информации за околностите под кои исчезнала словенечката државјанка, а потрагата по неа продолжува.

Претходна вестКавадарчани вечерва нема да спијат: Огнот не може да се стави под контрола – а се појави на уште две нови локации