Осум лица се повредени, меѓу кои и едно потешко, во тешка сообраќајна несреќа што вчера попладне се случила на магистралниот пат Кичево–Охрид, во близина на селото Другово.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена во 13:35 часот, а во судирот учествувале три патнички возила – „Фолксваген тигуан“ со прилепски регистарски ознаки, „Фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки и „Цитроен“ со кичевски регистарски ознаки.
Во несреќата тешки телесни повреди добил 79-годишен сопатник во возилото „Цитроен“, додека полесно се повредени тројцата возачи и уште седум сопатници, меѓу кои и две малолетни деца.
На сите повредени им била укажана лекарска помош во Медицинскиот центар во Кичево.
Увид на местото на несреќата извршила екипа од ОВР Кичево, а причините и околностите под кои дошло до судирот се предмет на истрага.




