Тажна вест: Почина познатата судијка

1186

На 64-годишна возраст денеска во својот дом почина Виолета Мојсова, долгогодишна судијка во Основниот суд Велес, која со својата повеќедецениска работа остави значаен белег во македонското правосудство.

Мојсова беше препознатлива по својата стручност, професионалност и посветеност, а најголемиот дел од кариерата го помина во граѓанската област. Судиската функција ја извршуваше од декември 1988 година, кога беше избрана за судија во Основниот суд Велес.

Во текот на својата професионална кариера, покрај редовните судиски обврски, во повеќе наврати ја извршуваше и функцијата вршител на должноста претседател на Основниот суд Велес, стекнувајќи голема почит меѓу колегите и правната јавност.

Во знак на почит кон нејзиниот животен и професионален пат, утре во Основниот суд Велес ќе биде одржана комеморативна седница, на која колегите и соработниците ќе ѝ оддадат последна почит и ќе се потсетат на нејзиниот придонес во правосудниот систем.

Нејзината смрт претставува голема загуба за семејството, пријателите, колегите и за сите кои имаа можност да соработуваат со неа.

Зад себе остави сопруг и две деца.

Претходна вестАпликацијата „МојДДВ“ ќе биде недостапна – УЈП кажа што се случува