Инфлуенсерите Александар Динев и Ева Јовановска – Евче преку социјалните мрежи споделија вест, која ги изненади нивните фанови. Сето тоа се случило пред 4 месеци, но тие сега одлучија да споделат со јавноста.
Нивната заедничка порака гласи:
Веќе некое време размислуваме како да го споделиме ова, затоа што не е лесно да се зборува јавно за нешто што за нас е многу лично.
Бидејќи нашата врска беше јавна од самиот почеток и бидејќи многу од вас постојано не прашуваат за истата, чувствуваме дека е најискрено да го споделиме ова со вас.
Ние повеќе не сме заедно.
Веќе 4 месеци не сме во врска, а во тој период си дадовме простор и време за себе. Денес сме во добар однос и продолжуваме понатаму со меѓусебна почит и разбирање.
Не би сакале да навлегуваме во детали, затоа што веруваме дека некои работи заслужуваат да останат приватни. Тоа што сакаме да го кажеме е дека имаме почит еден кон друг, благодарни сме за сите убави моменти што ги споделуваме и искрено си посакуваме мир, среќа и многу успеси понатаму.
Ве молиме да не испраќате омраза, да не создавате претпоставки и да не не притискате со прашања. И двајцата сме луѓе со чувства и во овој период најмногу ни значи вашето разбирање.
Ви благодариме на сите што не поддржувате и ќе продолжите да не поддржувате понатаму.
Со љубов, Александар и Ева.




