Превртување на трактор заврши фатално – загина возачот

2259

Во селото Скудриње, на локалитетот „Мустана нива“, вчера се случила трагична несреќа во која животот го загубил 67-годишен маж со иницијали М.С.

Според информациите од СВР Тетово, несреќата се случила додека починатиот управувал трактор со приколка.

Во еден момент, од засега неутврдени причини, тој изгубил контрола врз возилото, по што тракторот се превртел.

Од здобиените тешки повреди, мажот починал на местото на настанот, а смртта била констатирана од лекар.

Настанот бил пријавен во Полициското одделение Ростуше, по што веднаш интервенирале надлежните служби. На местото на несреќата бил извршен увид од екипа на ОВР Гостивар.

По насоки на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција со цел да се утврдат сите околности на несреќата.

Претходна вестМакедонија загуби голем човек: Почивај во мир Ване