Македонија загуби голем човек: Почивај во мир Ване

1939

Македонската археологија остана без едно од своите најпочитувани имиња. Ване П. Секулов ќе остане запаметен како врвен професионалец, посветен истражувач и човек кој целиот свој живот го посвети на проучувањето и зачувувањето на културното наследство.

Секулов дипломирал на Катедрата за археологија и историја на уметност при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, по што својата кариера целосно ја насочил кон археолошките истражувања и научната работа.

Беше долгогодишен истражувач на локалитетите Црвено Поле и Римската терма во Банско, а во текот на својата професионална кариера учествуваше и раководеше со бројни археолошки проекти во Струмица и источниот дел на Македонија.

Како автор на голем број стручни трудови, особено од периодот на Римското Царство, остави значаен белег во научната јавност. Беше организатор на меѓународен симпозиум по археологија и иницијатор за издавање на стручниот зборник „Acta Musei Tiberiopolitani“.

Активно учествуваше на домашни и меѓународни научни конференции, каде ги презентираше резултатите од своите истражувања и го споделуваше своето знаење со колегите и помладите генерации.

Неговиот придонес во заштитата, конзервацијата и промоцијата на културното наследство ќе остане трајно запаметен, а делата што ги остави зад себе ќе продолжат да сведочат за неговата посветеност и љубов кон археологијата.

Погребот ќе се одржи во сабота, 23 мај, во 13:00 часот на Градските гробишта во Струмица, додека телото ќе биде изложено во капелата од 11:00 часот.

Семејството, пријателите, колегите и пошироката стручна јавност се простуваат од човек кој остави длабока трага во македонската археологија.

Претходна вестВремето на овој празник ја запечатува судбината на целата година – еве што значи ако врне дожд на Спасовден
Следна вестПревртување на трактор заврши фатално – загина возачот