Лоша вест во Македонија: 41-годишен маж ја пронашол почината својата сестра

798

46-годишна жена била пронајдена почината во стан во скопската општина Аеродром, а случајот бил пријавен во полиција вчера претпладне, информира Министерството за внатрешни работи.

Според информациите од МВР, жената ја пронашол нејзиниот 41-годишен брат, кој веднаш го пријавил случајот во СВР Скопје.

„На 17.05.2026 во 11:00 часот во СВР Скопје, З.К.(41) од Скопје пријави дека околу 10:30 часот во стан на подрачјето на општина Аеродром во Скопје ја пронашол почината неговата 46-годишна сестра З.К. од Скопје“, соопштија од полицијата.

По пријавата, на местото излегле полициски екипи кои извршиле увид, а за случајот бил известен и јавен обвинител.

По насоки на обвинителството, телото на починатата било предадено на обдукција, која треба да ги утврди точните причини за смртта. Засега не се соопштуваат дополнителни детали за околностите под кои е пронајдена жената.

Надлежните институции продолжуваат со постапката, по што се очекуваат повеќе информации.

Претходна вестГолема загуба за македонската естрада: Почина познатиот музичар
Следна вестХаос на свадба во Србија – пејачот Џани заврши во болница, откако верувале или не, гостин го каснал за стомакот