Пратеник сам си пратил заканувачко писмо за да добие државно обезбедување – и тоа го има во Бугарија

168

Бугарски пратеник сам си напишал и си пратил заканувачко писмо за да добие државно обезбедување. Ова го изјави криминалистот Иван Савов на Нова ТВ, коментирајќи ја темата за тоа какви служби ќе добие новата влада, пренесува бугарскиот медиум Факти.

Инцидентот со заканувачкото писмо се случил во 2015 година. Савов тврди дека Националната служба за заштита (НСО), сакала да продолжи со својата улога на „слуга“ на политичарите.

Според професорот Никојал Радулов, експерт за безбедност, оваа служба постепено се оптоварувала со дополнителни задачи. Тој познавал неколку вработени кои станале генерали, а притоа се занимавале со шетање кучиња.

„Вработени во НСО ги носеа децата на функционерите на училиште наутро“, рече тој.

Радулов смета дека во нивните служби нема нови технологии и дека нема електронско управување.

За Иван Савов голем проблем било постојаното менување на началници, а во Министерството за внатрешни работи тоа стигнало дури и до раководителите.

Претходна вестГолема трагедија во Македонија: Студентка е пронајдена почината во стан кој го изнајмувала
Следна вестКуче нападна мајка и 13-годишно девојче