Замина тивко, како што знаат да заминат големите.
Сами Адеми.
Гласот што со децении ги раскажуваше нашите натпревари, човекот што ја живееше репрезентацијата и беше таму кога се славеше и кога беше најтешко.
Новинар, коментатор, хроничар на едно време кое без него ќе звучи потивко.
Од МТВ 2, од стадионите, од секоја спортска приказна, Сами не беше само сведок, туку дел од играта.
Еден од доајените на спортското новинарство кај нас.
Ќе недостига.
Почивај во мир, Сами.




