Рускиот претседател Владимир Путин во понеделник најави дводневен прекин на огнот во конфликтот со Украина, кој треба да важи на 8 и 9 мај, по повод одбележувањето на годишнината од поразот на нацистичка Германија во Втората светска војна. Информацијата ја соопшти руското Министерство за одбрана.
Од Министерството наведуваат дека очекуваат и украинската страна да го почитува прекинот на огнот, предупредувајќи дека во спротивно Русија ќе одговори со „масовни напади“ доколку бидат загрозени настаните поврзани со Денот на победата.
Во соопштението се истакнува дека Русија, како што велат, досега се воздржувала од слични акции од хуманитарни причини, и дека однапред се упатува предупредување до цивилното население во Киев, како и до странските дипломатски мисии да го напуштат градот.
Паралелно, руските власти најавија дека овогодишната парада во Москва на 9 мај ќе се одржи без дел од воената опрема, поради страв од можни напади со дронови.
Во меѓувреме, градоначалникот на Москва соопшти дека украински дрон погодил станбена зграда во близина на центарот на градот, само неколку дена пред одржувањето на воената парада.




