Заминува целиот стручен штаб, во Тиквеш се случуваат големи промени

27

ГФК Тиквеш денес одржа состанок на акционерското друштво и донесени се повеќе одлуки.

Се менува целосниот стручен штаб на тимот на чело со тренерот Борче Христов. Освен него, заминуваат асистентите Трајче Стојковски, Ванче Шиков и Баже Левков. Исто така, раскината е соработката и со спортскиот директор Љупчо Трајковски. Според најавите од Кавадарци, водењето на клубот ќе го преземе ко-сопственикот Браво до крајот на сезоната.

„По одржување на денешниот состанок на Акционерското друштво на ГфК Тиквеш,се донесоа следните одлуки:

Се раскинува договорот со шефот на стручниот штаб, Борче Христов.
Се раскинуваат договорите со асистентите тренери: Трајче Стојковски, Ванче Шиков и Баже Левков.
Се раскинува договорот со спортскиот директор, Љупчо Трајковски.
Од утре, целокупното раководење со клубот ќе го преземе ко- сопственикот Цезер Браво, кој ќе раководи со клубот до крајот на актуелната сезона.

Клубот и понатаму ќе продолжи да функционира чесно, професионално и во интерес на сите љубители и поддржувачи на ГФК Тиквеш, со јасна цел — стабилност и напредок до крајот на сезоната.

Клубот им се заблагодарува на шефот на стручниот штаб, неговите асистенти, како и на Спортскиот Директор за нивниот ангажман и придонес во изминатиот период и им посакува многу успех во понатамошната кариера“, стои во соопштението на кавадарчани.

Сето ова дојде по кореографијата на навивачката група „Лозари“ која беше против раководството на ФФМ.

Претходна вестВонредно обраќање на Путин – го прекинува огнот со Украина, објасни зошто и колку време